25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО"Големиот" Џанлуиџи Буфон прокнижи 1.000 натпревари во својата кариера

“Големиот” Џанлуиџи Буфон прокнижи 1.000 натпревари во својата кариера

Еден од најдобрите, ако не и најдобриот голман во историјата на фудбалот, 39-годишниот Џанлуиџи Буфон, продолжува да руши да „брка“ неверојатни рекорди.

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Буфон, во саботата на стадионот во Палермо, против Албанија, го одигра 1.000 натпревар во својата кариера.

Буфон во дресот на Парма одиграл 220 натпревари, за Јувентус настапил на 612 натпревари, а за Италија бранел на 168 натпревари. Буфон во саботата стана Европеец со најмногу настапи за националниот тим, тој зад себе ги остави Икер Касиљас и Виталијас Астафијевас.

Пред него сега е само светскиот рекордер Ахмед Хасан кој за Египет одиграл 184 натпревари.

Неверојатно звучи податокот дека Буфон досега на 426 натпревари не примил гол, вкупно примил 828 голови, што во просек не е ниту гол по натпревар (0,83 отсто). Во кариерата одбранил 23 пенали.

Брилијантниот голман за репрезентацијата дебитирал на 19-годишна возраст, во 1997 година и бил учесник на осум големи натпреварувања. Буфон со Италија во 2006 година стана светски првак.

Во кариерата седум пат бил шампион на Италија, што е најмногу кога се во прашање голманите, а на добар пат е да ја освои и осмата титула во Серија А.

Голманот на Јувентус 973 минути не примил гол што е рекорд во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП