20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Јане Сандански ќе се игра вечното дерби

Во Јане Сандански ќе се игра вечното дерби

Овој викенд ќе се одиграат пет кошаркарски натпревари во Македонија, три во Супер лигата каде шест екипи се борат за шампионската титула, а два во Плејаут лигата каде четири екипи бараат опстанок во кошаркарската елита.

Третото коло од тековната натпреварувачка сезона во Супер лигата во сабота го отворат градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Натпреварот се игра во „Јане Сандански“.

Кожув во Гевгелија ќе го пречека трикратниот шампион Фени Индустри, додека Карпош Соколи е домаќин на Куманово.

Во Плејаут лигата пак, Вардар формално ќе ги одигра последните свои натпревари во Првата кошаркарска лига. „Црвено-црните“ сè уште се на дното на табелата, без ниту една победа (16 бода по 16 одиграни натпревари) и се сигурен патник во еден ранг послабо натпреварување. Третиот натпревар во Плејаут лигата за Вардар ќе биде гостување кај АВ Охрид кој засега е сигурен на врвот со 22 бода и две победи зад себе во оваа лига.

Директна борба за опстанок во ’елитата’ ќе водат екипите на Струмица и Пелистер. Двете екипи се на делба на второто место на табелата во Плејаут лигата со по 21 бод. Победникот од овој дуел ќе има значителна предност во однос на противникот во преостанатиот дел од првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП