23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Богатството на топ 5 милијардерите во биткоини и злато

График на денот: Богатството на топ 5 милијардерите во биткоини и злато

На почетокот на месец март криптовалутата биткоин повторно беше во центарот на вниманието. Цената на биткоинот ја надмина онаа на златото за прв пат во историјата, откако неговата вредност се зголеми до рекорден врв, потсетува „Statista“.

На 5-ти март 2017-та година еден биткоин чинеше околу 1.250 долари, што ги прави петте најбогати луѓе во светот милионери, ако богатството им се мери во биткоини.

Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот, има нето состојба од 85,6 милијарди долари, што е еквивалентно на 173.500 златни прачки, или 68,5 милиони биткоини.

Топ 5 се наоѓаат Ворен Бафет, Џеф Безос, Амансио Ортега и Марк Цукерберг. Заедно тие поседуваат вкупно 366,4 милијарди долари, што е еднакво на 742.250 златни прачки, или 291,1 милиони биткоини.

Се разбира, нивното богатство во биткоини е чисто хипотетички: бројот на биткоините кои циркулираат денес, е само околу 16,2 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП