28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот смартфон на Oppo има две селфи камери (видео)

Новиот смартфон на Oppo има две селфи камери (видео)

Многу корисници на смартфони сметаат дека камерите, а особено предните, се најважни делови на тие уреди. Кинескиот производител „Oppo“ ваквиот начин на размислување го сфати многу сериозно.

Дека станува збор за компанија која ги слуша своите купувачи покажува и новиот смартфон кој е опремен со дури две селфи камери. Овој потег е можен чекор за отворање на тренд со двојни објективи на предната страна на уредите по примерот на трендот на двоен објектив на задната страна на паметниот телефон.

Но „Oppo“ не е првиот бренд на телефони кој воведе двојна селфи камера. „Lenovo“ во својот „Vibe S1“ од 2015-та имаше вградено два објектива на предната страна.

„Oppo“ претстави две верзии на нови телефони – „F3“ и „F3 Plus“. Уредите ќе бидат опремени со по една 16-мегапикселна камера и една 8-мегапикселна која има сензор за широк агол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП