28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBBC: Трамп ги обвини демократите за неуспехот на законот за здравствена заштита

BBC: Трамп ги обвини демократите за неуспехот на законот за здравствена заштита

Претседателот на САД Доналд Трамп ја обвини Демократската партија за неуспехот на неговиот закон за здравство, соопшти во саботата BBC.

Законот беше повлечен во петокот, бидејќи не доби доволно поддршка за да мине во Конгресот.

Во интервју за Washington Post Трамп изјави: “Не можевме да добиеме еден глас од демократите, и бевме малку засрамени, многу малку, но сепак бевме засрамени, затоа го повлековме”.

Неуспехот на усвојувањето на новиот закон за здравствена заштита во САД е голем удар за Трамп. Откажувањето и замена за претходниот, познат како “Обамакеар”, беше едно од неговите најголеми предизборни ветувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП