19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ги избра најдобрите специјални модели (видео)

Porsche ги избра најдобрите специјални модели (видео)

Компанијата „Porsche“ ги избра најдобрите ексклузивни модели во својата историја. Станува збор само за автомобили, продадени во ограничена серија или направени по нарачка на клиенти. Тие беа претставени од топ-менаџерот на единицата „Porsche Exclusive“ – Борис Апенбрик.

На петтото место е ексклузивен „911 Club Coupe“, претставен во 2012-та година. Од него се направени 13 примероци, посветени на 60-годишнината од создавањето на првите клубови на имателите на „Porsche“ во кои сега членуваат 180.000 луѓе низ целиот свет.

Четвртата позиција ја зазема „911 Speedster“, кој се појавува во 2011-та година. Автомобилот со моќност од 408 КС излегува во серија од 356 примероци во чест на легендарниот модел „356 Speedster“ произведен до 1965-та година.

На трето место се најде моделот „911 Sport Classic“ од 2009-та година. Тоа е во тркачки „бои“, има дополнително антикрило и сопирачките дискови „Fuchs“. Од овој модел се произведени 250 единици.

Понатаму следува „911 Turbo S“ од 1992-ра година, кое е создадено од „Porsche Exclusive“ со помош на спортската поделба на брендот. А прво место компанијата го остава за нов ексклузивен модел кој ќе биде прикажан до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП