18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиската индустрија веќе не е непријател на светот

Финансиската индустрија веќе не е непријател на светот

Тие беа доживувани како јавни непријатели, а против нив беа организирани протести во Лондон и Њујорк. Нивното однесување предизвика реакција која ја промени политиката на Западот.

Банкарите и од двете страни на Атлантикот беа нападнати поради нивните гревови, кои ја предизвикаа финансиската криза во 2008-ма година. Изгледаше како тоа дека никогаш нема да заврши, коментира „Bloomberg“.

Американскиот претседател Доналд Трамп се заобиколи со најмалку петмина поранешни банкари од „Goldman Sachs“ и вети дека ќе ги олабави оковите на индустријата. Во Франција има голема шанса поранешниот инвестициски банкар Емануел Макрон да биде избран за претседател. Во Европа лидерите се борат да ги привлечат банките, додека Велика Британија се насочува кон излез од Европската унија (ЕУ).

„Наместо да бидат лути на банкарите, луѓето се фокусираат општо врз поделбата на богатството“, вели Рита Коташ, виш предавач по меѓународни бизнис стратегии и маркетинг во „Kingston University“ во Лондон. „Толку многу работи се случуваат на овој фронт – „Brexit“, дискусијата на глобализацијата, имиграцијата и национализмот. Овие работи сега се од многу поголемо значење за луѓето отколку банките“, додава таа.

Со стихијата на нападите врз банките можеби ќе има и искуство за одложување или укинување на правила создадени да ги ограничат ексцесите во финансискиот свет.

Дури и Французите преземат мерки во оваа насока. Кога Франсоа Оланд се кандидираше за претседател во 2012-та година, лидерот на социјалистите ја опиша финансиската индустрија како „вистинскиот противник“. За разлика од него Макрон, поранешен министер за економија кај Оланд, бил банкар во 200-годишната инвестициска куќа „Rothschild & Co“.

„Таму поминав четири години од професионалниот живот, со што се гордеам“, рече тој на една средба од кампањата. „Научив многу таму. Моето искуство ме запира да зборувам глупости како други за економија и светскиот поредок и за бизнис правилата во мојата земја“, коментира тој.

Анкетите покажуваат дека 39-годишниот Макрон е рамо до рамо со кандидатот на националистите Марин Ле Пен во првиот круг од изборите во април и дека ќе победи во вториот круг во мај.

Не треба да се лажеме дека сепак гневот како резултат на кризата со високоризични хипотекарни заеми и спасувачките заеми за над 1 илјада милијарди долари веќе исчезна. Во студија на „Survey Monkey“ во 2016-та година од 10.000 Американци било побарано да ги одредуваат компаниите кои биле најмногу катастрофални за земјата. Три од топ 5 биле банки. Не сите поддржувачи на Трамп сакаат „Wall Street“ да добие олеснување.

„Луѓето не го заборавиле она што се случи во 2008-ма година и под нозете на банкарите се уште гори“, вели Џенет Таваколи, поддржувач на Трамп и претседател на „Tavakoli Structured Finance“.

Во прилог на законот Дод-Френк кој ги измени регулациите за банките, Трамп и неговите сојузници во Конгресот се насочуваат и кон Бирото за финансиска заштита на потрошувачите – шестгодишна агенција кој го казни „Wells Fargo“ со 185 милиони долари во минатата година за фабрикување на милиони лажни сметки за да ги постигне своите цели за продажба.

„Тоа е опасно. Укинувањето на заштита на граѓаните ќе ги изложи заедниците и економијата на ризик од нова финансиска катастрофа. Може не во оваа или следната година, но на крајот ќе платиме скапо за тоа“ вели Анџелидис, демократ и поранешен благајник на Калифорнија.

Во Европа, откако Велика Британија гласаше за „Brexit“ во средината на минатата година, претставници од Германија до Ирска се обидуваат да ги привлечат банкарите, оставајќи го „Сити“ во Лондон. Можеби нема друга земја која презела таков остар свиок како Франција. По изборите во 2012-та година Оланд ги одби богатите Французи, кога ги принуди на краткорочен 75 проценти данок. Сега тој ветува дека ќе го намали корпоративниот данок и ќе понуди даночни олеснувања за вработените кои се преселија во Франција.

Во Велика Британија премиерот Тереза ​​Меј внимателно вели дека нема да даде на банките, кои силно ја поддржуваат Велика Британија да остане во ЕУ особен однос, додека земјата се подготвува да излезе од блокот во наредните 2 години. Зад сцената, сепак, по заканите од индустријата да ги премести вработените и активностите во странство, Меј неодамна се обидела да ги увери големите компании од индустријата на финансиски услуги, дека знае колку е важна индустријата која формира околу 12% од економијата на Велика Британија.

Притисната од парични казни од околу 321 милијарди долари поради редица злоупотреби, финансиската индустрија на Островот е принудена да ги промени практиките и да стане одговорна. Прашањето сега ќе биде дали банките ја научиле лекцијата.

„Тие велат што треба“, вели Питер Ричардсон, управен директор во лондонската консултантска куќа „Protiviti“. „Кај некои организации не сме виделе да се борат со базната ароганција, која ги тера да прават што сакаат, кога не ги гледате. Се плашам дека тоа може да создаде проблеми во иднина“, заклучува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП