24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол-позицијата во Мелбурн е за Хамилтон

Пол-позицијата во Мелбурн е за Хамилтон

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, се избори за старт од првата позиција, пред неделната трка во Мелбурн, со која ќе започне новата сезона во Формула 1.

Луис Хамилтон доминацијата на слободните тренизни ја пренеси и во квалификациите, каде лесно ја освои првата позиција во пресрет на трката за Големата награда на Австралија.

Хамилтон на патеката Мелбурн Парк ја освои 62-та пол позиција во кариерата.

Најбрзиот круг на Британецот изнесуваше 1:22.188 минути, што за речиси три десетинки беше побрзо од пилотот на Ферари Себастијан Фетел.

Вториот ред го формираа финските колеги на двајцата најдобри, Валтери Ботас од Мерцедес го освои третото, а Кими Раиконен од Ферари.

Од третиот ред ќе стартуваат Макс Верстапен (Ред Бул) од петтата позиција и изненадувањето во квалификациите возачот на Хас, Себастијан Грожан кој е на шестото место.

Зад нив се Фелипе Маса од Вилијамс, Карлос Саинц од Торо Росо, Данил Квјат од Торо Росо и домашниот возач кој разочара во квалификациите Даниел Рикардо на Ред Бул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП