20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во Британија

Зголемен бројот на туристи во Британија

Велика Британија во јануари ја посетиле 910.000 туристи, што е за 19 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, покажаа новите податоци кои ги пренесува Блумберг.

Бројот на британски туристи во странство е зголемен за само седум проценти.

Доаѓањето на посетители од странство во Велика Британија придонесе за раст на малопродажбата неколку месеци после британскиот референдум во јуни кога граѓаните се определија за излез од ЕУ, а туристите го искористија падот на фунтата за купување на накит, облека и други производи, пишува Блумберг.

За еден долар сега се добиваат 80 британски пени, што е повеќе во однос на 67 пени пред јунскиот референдум. Еврото зајакна за 13 проценти од 76 на 86 пени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП