29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеди на фаворитите во Групите И, Д и Г

Победи на фаворитите во Групите И, Д и Г

Фаворизираните репрезентации победија во рамките на 5.коло во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, во натпреварите кои се одиграа во Групите Д, Г и И.

Србија победи во Грузија, Австрија ја совлада Молдавија, а Република Ирска и Велс ремизираа во Групата Д.

Србите во Тбилиси со пресврт ја победија Грузија. Качарава го постигна првиот гол на мечот, по катастрофалната грешка на Коларов. Тадиќ израмни од пенал во претпоследната минута во првиот дел, а во второто полувреме победата 1:3 на Србија и ја донесоа Митровиќ и Гаќиновиќ.

Австрија долго се мачеше со Молдавија и до победата од 2:0 дојде во последните 15 минути од натпреварот со головите на Забицер и Харник.

Република Ирска и Велс одиграа без голови 0:0.

На табелата водат Србија и Ирска со по 11 бодови, Велс и Австрија имаат по 7, Грузија 2, а Молдавија еден бод.

Фаворитие во Групата Г победија според очекувањата.

Шпанија го совлада Израел со 4:1. Давид Силва и Витило постигнаа по еден гол во првото полувреме, а во второто најпрвин погоди Диего Коста, потоа Рафаелов намали на 3:1, а конечниот резултат го постави Иско.

Италија славеше во дуелот против Албанија 2:0, со головите на Де Роси од пенал и Имобиле.

Во Вадуц, Македонија го победи Лихтенштајн 3:0. Николов постигна гол во првиот дел, а два гола во второто полувреме даде Несторовски.

Шпанија и Италија имаат по 13 бодови, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3, а Лихтенштајн е без освоен бод.

Хрватска, Турција и Исланд забележаа победи во Групата И.

Хрватите минимално ја совладаа Украина во Загреб и ја задржаа лидерската позиција во групата. Единствениот гол го постигна напаѓачот на Фиорентина Калниќ во првото полувреме.

Турција во првите 13 минути го реши победникот против Финска. турците славеа 2:0 со головите на Тосун.

Исланд, во Скадар, го победи Косово 2:1. Сигурдсон ги постигна головите за Исланд во првото полувреме, а Нихии беше стрелец на единствениот гол за Косово.

Хрватска води на табелата со 13 бодови, Исланд е втор со 10, Украина и Турција имаат по 8, а Финска и Косово по еден бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП