28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија го победи Лихтенштајн (видео)

Македонија го победи Лихтенштајн (видео)

Македонската фудбалска репрезентација во Вадиц ја забележа првата победа во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија. Во 5.коло, Македонија го победи Лихтенштајн со 3:0 (1:0).

Македонија победи во Лихтенштајн, ја прекина низата од четири порази во квалификациите и по цели шест години успеа да слави на гостински терен.

Избраниците на селекторот Ангеловски, го диктираа ритамот, напаѓаа во текот на сите 90 минути и таквата игра им донесе победа од 3:0.

Македонија настапи со исклучително офанзивна постава, со Пандев и Несторовски во врвот на нападот и Тричковски и Ибраими по бочните позиции.

Првиот гол на натпреварот го постигна Николов во 43.минута, кога со волеј од 15 метри го совлада Јеле.

Дилемите околу победникот, доколку воопшто и постоеја, ги реши Несторовски во интервал од пет минути. Напаѓачот на Палермо најпрвин со глава ја заврши акцијата на Пандев во 68.минта, а пет минути подоцна, по ударот на Ристовски и одбраната на Јеле од непосредна близина ја спроведе топката во голот.

Можеше Несторовски да постигне хет трик, но во 89.минута не реализира пенал, односно Јеле го одбрани неговиот удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП