28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради недоволниот број гласови Трамп го повлече нацрт законот за здравствено осигурување

Поради недоволниот број гласови Трамп го повлече нацрт законот за здравствено осигурување

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот побара од републиканците да го повлечат нацрт законот за реформа на здравствениот систем поради недоволниот број гласови, пренесуваат медиумите.

Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, „разговараше со претседателот во 15 часот (по локално време) и претседателот побара да се повлече нацрт законот“, рекол неименуван извор од Конгресот.

Републиканците планираа во петокот да гласаат за новиот закон, а им беа потребни 216 гласови од 430 пратеници во долниот дом во кој има 237 републиканци и 193 демократи. Одлуката за повлекувањето на нацрт-законот е донесен кога се покажало дека бројот на противниците меѓу републиканците надминува триесет, додека сите демократи биле против.

Новиот закон за здравственото осигурување, кој го поддржува претседателот Доналд Трамп, треба да внесе значителни промени во сегашниот закон, ткн Обамакер (Affordable Care Act, според претходниот демократски претседател Барак Обама), со кој многу сиромашни Американци по првпат добија здравствено осигурување. за сиромашните

Трамп во петокот им порача на републиканците да го поддржат неговиот план за здравствените реформи и да го отфрлат Обамакер или ќе ја загубат секоја можност да го реформираат. Овој апел на Трамп дојде откако Претставничкиот дом го одложи во четвртокот за еден ден гласањето за реформите, бидејќи стана јасно дека дел од републиканците не сакаат да го поддржат.

Поништувањето на Обамакер, еден од заштитните знаци на претходниот претседател во неговите два мандата, е едно од главните предизборни ветувања на Трамп.

Речиси 50 отсто од возрасните Американци сметаат дека републиканската здравствена реформа „не претставува подобрување“ во однос на Обамакер, покажа анкетата на Reuters/Ipsos. Во анкетата спроведена од 13-ти до 23-ти март 49 отсто од испитаниците реле дека новиот закон нема да биде подобар, додека 33 отсто сметаат дека ќе биде, а 18 отсто не знаат. Одговорите се главно поделени по партиска линија. Околу 19 отсто демократи и 53 републиканци сметаат дека новиот закон ќе биде подобар од Обамакер, додека 73 отсто демократи и 22 отсто од републиканците веруваат дека нема.

Со сегашниот закон од 2010 година, кој беше жестоко критикуван од конзервативците поради неговите трошоци и административна комплицираност, требаше да се помогне на поширокото население на САД да се здобие со здравствено осигурување. Трамп го критикуваше законот како неефикасен и недостапен.

Демократите критикуваат дека републиканците со укинувањето на овој закон може да предизвикаат хаос на пазарот на здравствените услуги. Исто така, не е познато со која алтернатива ќе биде заменет овој закон.

Законот за заштитата на пациентите и пристапната нега (АСА), како што официјално се нарекува законот, е усвоен во 2010 година за значително намалување на бројот на неосигурените Американци и истовремено да го забави рапиден раст за потрошувачката во здравство. Неговото усвојување имаше драматично влијание врз американскиот здравствен систем.

Обамакер не е јавна програма за здравствено осигурување. Тоа е законската рамка којашто на приватните осигурители им наметна обврски со намера подобро да се регулира пазарот и ширењето на услугите кои се покриваат со осигурувањето.

Во САД постојат само две јавно здравствен осигурувања на сојузно ниво: Медикејд, наменет за сиромашните семејства и поединци, и Медикер, за оние кои се повозрасни од 65 години. Повеќето Американци се осигурени се во приватниот сектор, најчесто преку работодавачите.

Според Обамакер, осигурителните куќи не смеат да ги одредуваат премиите за осигурувањето врз основа на историјата на болестите или полот, како што работеле претходно. Не смеат ниту да одбијат да осигурат пациенти кои се „прескапи“ или да наметната годишно финансиско ограничување на здравствените услуги, што е практика која некои тешко болни Американци ги довела до питачки стап.

Обамакер, исто така, бара осигурителот да ги плати трошоците за болничко лекување, посети на итна помош или некои превентивни прегледи, како тестирања на дијабетес или вакцинација. За возврат, законот Обамакер бара сите Американци да бидат осигурени или да платат казна. За 2017 година казната изнесува 695 долари за возрасни лица.

Бидејќи неколку милиони луѓе повеќе придонесуваат на здравствениот систем, велат поборниците на Обамакер, премиите кои ги плаќаат здравите Американци ги намалуваат трошоците на лекувањето на најболните.

Републиканците, пак, велат дека присилното учество во системот ги крши основните слободи гарантирани во уставот на САД и остро го осудуваат.

За лицата за коишто работодавачот не плаќа осигурување, администрацијата на Обама воспостави интернет „пазар“ на кој поединците може да се пријават за ACA приватниот осигурител. Тој, пак, за возврат зависно од приходот на тоа лица, има право на даночни олеснувања што ја намалува цената на премијата.

Проблемот е во тоа што сé помалку осигурители учествуваат на тие „пазари“, бидејќи се покажа дека им се помалку профитабилни од очекуваното. Резултат на тоа е што премиите постојано поскапуваат, а за републиканците тоа е доказот дека реформата пропаднала.

Откако Обамакер законот стапи на сила, здравствениот систем се проширил на 20 милиони нови осигуреници, тврди администрацијата на заминува, а бројот на лица без осигурување паднал од 16 отсто во 2009 на 8,9 отсто во минатата 2016 година, што е најниското ниво во историјата. Демократската администрација, исто така, истакнува дека расот на трошоците во здравствениот сектор никогаш не бил побавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП