20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдеми се враќа на терените во септември

Адеми се враќа на терените во септември

Аријан Адеми во септември се враќа на фудбалските терени, откако Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифати неговата жалба и ја преполови четиригодишната суспензија која му ја изрече УЕФА.

Аријан Адеми падна на допинг тестот по мечот во Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Арсенал во септември 2015 година.

Потоа УЕФА му одреди четиригодишна суспензија, а Адеми играше фудбал на аматерско ниво. Адеми одлуката на УЕФА ја обжали до судот во Лозана, кој неколку пати ја одложуваше конечната одлука, во петокот објави дека суспензијата му е намалена на две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП