24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче Телеком и Gorillaz ќе отворат нова димензија во музиката

Дојче Телеком и Gorillaz ќе отворат нова димензија во музиката

Преку својата меѓународна музичка програма, Electronic Beats, Дојче Телеком ги здружува силите со Gorillaz за да отвори нова димензија во музиката низ Европа. Во план е да се искористат новите технологии за да се создаде сосема ново музичко искуство.

„Магијата на Gorillaz е во тоа што тие се истовремено и реални и виртуелни, факт кој иновативниот тим на Telekom Electronic Beats потполно го разбира.“ рече Ниам Брн, од Eleven Management. „Донесоа смела одлука да ни помогнат да ја реализираме нашата визија.“

Дојче Телеком преку напредната 4G мрежа ќе им овозможи на луѓето да бидат дел од оваа нова димензија на музиката на Gorillaz.

По повод новиот албум на бендот, „Humanz“ што ќе излезе на 28 април, Дојче Телеком ќе почне кампања преку која ќе покаже како креативното користење на новите технологии може да го подобри музичкото искуство. Првата од овие иницијативи ќе биде иновативната Augumented Reality апликација преку која корисниците ќе имаат ексклузивен пристап до содржини за Gorillaz.

Во врска со партнерството, Џејми Хјулит (еден од основачите на бендот) рече: „Работењето со Дојче Телеком ни овозможи да експериментираме, истражуваме и да ги реализираме нашите соништа.“

Ексклузивните содржини за Gorillaz ќе може да се погледнат на www.electronicbeats.net.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП