19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовата У 21 репрезентација ја победи Црна Гора

Новата У 21 репрезентација ја победи Црна Гора

Новата генарација на македонски фудбалери, оние кои во септември ќе стартуваат во квалификациите за пласман на Европското првенство, играчи до 21 година, во пријателски натпревар ја совладаа Црна Гора со 2:0.

Попладнево на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, младите македонски фудбалери славеа против врсниците од Црна Гора со головите на Елмаз во 31-та и Чешмеџиев во 74-та минута од натпреварот.

Оваа генерација ја продолжи серијата на непобедливост на репрезентацијата до 21 година, дуелот со Црна Гора беше 12-от на кој младинците не се поразени.

Играчите кои ги тестираше селекторот Благоја Милески ќе треба да ја носат играта на младата репрезентација која во септември ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година во Италија.

У 21 селекцијата, но генерацијата која ќе игра летово на европскиот шампионат во Полска на 28.март ќе одигра контролен натпревар со репрезентацијата на Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП