19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо допатува во Загреб да го комплетира трансферот на Перишиќ

Мурињо допатува во Загреб да го комплетира трансферот на Перишиќ

Жозе Мурињо денеска пристигнал во Загреб, објавија англиските медиуми. Според нив менаџерот на Манчестер Јунајтед пристигнал во хрватската престолнина за да го убеди Иван Перишиќ од наредната сезона да се пресели на „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми објавија дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во петок ќе присуствува на квалификацискиот натпревар помеѓу Хрватска и Украина, иако Иван Перишиќ поради жолти картони нема да настапи.

Според нив преговорите помеѓу Јунајтед и хрватскиот репрезентативец биле во завршна фаза, а Мурињо сакал лично да се види со Перишиќ.

Инаку, за услугите на играчот на Интер сериозно е заинтересиран и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, а се споменува дека и Челзи би сакал да го види во своите редови.

Посредник во преговорите помеѓу Јунајтед и Перишиќ е Предраг Мијатовиќ, кој откако во 2009 година ја напушти директорската функција во Реал, продолжи да ја работи менаџерската агенција заедно со Владо Лемиќ. Овие двајца се најзаслужни за трансферот на Лука Модриќ во Реал Мадрид.

Англиските медиуми шпекулираат дека трансферот на Перишиќ во Манчестер Јунајтед ќе изнесува околу 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП