19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп најави проверка на сите договори за слободна трговија

Трамп најави проверка на сите договори за слободна трговија

Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува нови инструкции за администрацијата, со кои треба да се разгледаат сите 14 договори за слободна трговија и да се ревидираат политиките за јавни набавки. Трамп ова го прави со цел да им помогне на американските компании, тврдат извори од администрацијата, цитирани од Reuters.

Според вработените, кои посакале анонимност, договорот со Мексико и Канада, познат по кратенката NAFTA, ќе се преразгледува приоритетно.

Се подготвуваат уште неколку одлуки на извршната власт поврзани со трговијата, а првата од нив може да биде потпишана уште следната недела.

Администрацијата на Трамп веќе најави намера да го преиспита т.н. договор NAFTA, така што инструкциите се повеќе од симболични.

Намерата за ревизија на сите зделки, беше најавена уште на почетокот на февруари. Тогаш портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, објасни дека администрацијата ќе провери “дали може да ги подобри” и да издејствува подобри услови за САД.

На почетокот на мандатот Трамп ја поништи Спогодбата за транстихоокеанско партнерство (TPP) и потпиша декрет со кој нареди да се разгледа договорот NAFTA.

Сега постојат билатерални и мултилатерални договори на САД со Австралија, Бахреин, Доминиканска Република, Гватемала, Хондурас, Израел, Јордан, Канада, Колумбија, Костарика, Мексико, Мароко, Никарагва, Оман, Панама, Перу, Салвадор, Сингапур, Чиле и Јужна Кореја.

Секретарот за трговија Вилбур Рос и советникот на Белата куќа за трговија Питер Наваро постојано повторуваат дека условите за потекло на производите наведени во NAFTA, мора да се затегнат. Според NAFTA автомобилите, опфатени со договорот, треба да имаат најмалку 62.5 отсто удел од северноамериканските компоненти, овозможувајќи им на азиските производители да обезбедат авто делови. Оваа одредба е во спротивност со кампањата на Трамп за поддршка на американските производи и работници.

Своевремено идејата дека за договорот може да се преговара, наиде на силен отпор кај мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието и тоа во време додека Трамп се уште не беше инаугуриран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП