20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW конечно ја призна Tesla за конкурент

BMW конечно ја призна Tesla за конкурент

Конвенционалните автомобилски производители ги минаа низ сите пет фази од феноменот наречен „Tesla“.

Прво тие негираа дека компаниите кои произведуваат електрични возила, може да се претворат во нивен полноправен конкурент. Потоа класичните производители избувнаа против субвенциите кои новите компании ги добиваат. Потоа почнаа да се пазарат и тие за субвенции, преминаа во фазата на депресијата (особено по објавувањето на бројот на прелиминарните нарачки за „Tesla Model 3“), и конечно го прифатија новиот фактор на пазарот. Една таква компанија е „BMW“.

„На многу начини, јас го поддржувам направеното од „Tesla““, коментира Иан Робертсон, комерцијален и маркетинг шеф на „BMW“. „Светот има потреба од таков нов конкурент. Се разбира, тоа не значи дека ние нема да сме еквивалентни на нив еден ден. Сепак, мора да признаеме дека Илон Маск постигна многу и јас се прилагодувам на тоа“.

Во овој поглед, „Tesla Model 3“ најверојатно ќе стане најголемиот конкурент на идниот електричен седан „BMW iNext EV“. „„Model 3“ ќе излезе на пазарот, но уште не знаеме во колкава бројка. Не сме сигурни и каква ќе биде неговата цена, ниту колку добар автомобил ќе биде“, вели Робертсон, инсистирајќи дека „iNext“ кој не се очекува наскоро од 2021-ва, ќе биде „електромобил од новата генерација“, кога излезе на пазарот.

Пренасочувањето на напорите на „BMW“ кон електричните и „plug-in“ хибридните технологии несомнено ќе ја даде потребната предност на компанијата пред нејзините германски конкуренти. Робертсон тврди дека оваа година само „BMW“ ќе пласира 100.000 електрични и хибридни автомобили. Портфолиото на компанијата ќе биде проширена со електрични верзии на класичниот „MINI Cooper“, како и на „BMW X3“. И двата модела ќе се појават пред 2019-та. „Ќе продадеме 300.000 или дури 400.000 електрични автомобили пред нашите конкуренти дури да влезат во бизнисот со такви автомобили“, ветува Робертсон. „Сметаме дека ова бројка ќе порасне за околу 20% во периодот до 2025-та“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП