19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се изборите со критиките на работа

Како да се изборите со критиките на работа

Според новата студија на сајтот „Fortune.com“, жените на работа почесто се критикувани од мажите, и тоа почесто поради личните особини отколку поради начинот на работа.

Откриено е дека и женските и машките шефови се склони кон тоа на мажите да им даваат совети како да се поправат, додека на жените поретко им се дадени конструктивни совети.

Дури 71 процент од жените добиле негативен коментар од работодавците, во споредба со само 2 проценти од мажите. Додека 81 процент од мажите добиле позитивен коментар на работа, само 23 проценти од жените можат да се пофалат со тоа.

Значи, жените се повеќе критикувани и тоа некогаш може да делува лично.

„Жените уште од детството се учени не да бидат силни, туку привлечни. Со векови жените не можеле да се заштитат во физичка, правна и финансиска смисла. Привлечноста била основна женска стратегија. За многу жени во целиот свет ова и понатака важи, но сите жени го наследиле психолошкото однесување на своите предци“ – вели Тара Мор, автор на книгата „Playing Big: Find Your Voice, Your Mission, Your Message“.

Иако е невозможно преку ноќ да зацврстите, можете да најдете начин да ја прифатите критиката, наместо да ја впивате и да станете опседнати со неа. Тара Мор советува…

1. Размислете за тоа како жената која за вас е пример би се изборила со критиката која и е упатена и искористете го тоа и извежбајте ја својата реакција.

2. Читајте ги коментарите за делата на своите омилени писатели и ќе видите дека сите добиваат критика.

3. Размислете за коментарите, позитивните и негативните, како и за информациите кои можете да ги искористите како своја предност – а не како лична забелешка. Каков е вашиот шеф или вашиот клиент? Што не сака? Ако се фокусирате на нив, а не на себе, и сфатите што сакаат, следниот пат ќе бидете подобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП