19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter размислува за претплата на услуги

Twitter размислува за претплата на услуги

„Twitter“ размислува за пуштање на премиум верзија на популарната услуга „Tweetdeck“, насочена кон професионалци, објави компанијата. Овој потег би и помогнал на социјалната мрежа да собира претплата од некои корисници за прв пат во историјата, пренесува „Ројтерс“.

Како и повеќето други социјални мрежи, по своето основање пред 11 години, „Twitter“ се фокусира на градење на голема база на корисници на нејзината бесплатна услуга која вклучува реклами. Минатиот месец таа најави дека има 319 милиони потрошувачи низ целиот свет.

Но за разлика од доста поголемиот конкурент „Facebook“, „Twitter“ не успева да привлече доволно приходи од рекламирање, за да генерира стабилен профит, иако има популарност меѓу познатите личности од целиот свет, што ја прави постојано да е во центарот на вниманието.

Компанијата спроведе студија за да утврди каков би бил интересот за постпејд верзија на „Tweetdeck“, објави портпаролката на компанијата Бриел Вилабланка.

Нема сигнали дека „Twitter“ размислува за воведувањето на претплата за сите корисници.

Новата верзија може да вклучува „помоќни алатки кои им помагаат на оние кои се рекламираат, новинарите, професионалци во различни области и други во нашата заедница да го откриваат она што се случува во светот побрзо“, посочуваат од Twitter.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП