23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Хамилтон со најбрзи времиња на двете тренинг сесии

Луис Хамилтон со најбрзи времиња на двете тренинг сесии

Возачите на Мерцедес остварија најбрзи времиња на првите две слободни возења, во пресрет на првата трка во новата сезона, во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Австралија.

Светскиот вицепрвак Луис Хамилтон забележа најбрзи времиња на двете тренинг сесии, најавувајќи дека и оваа сезона би можела да мине во знакот на германскиот тим, бидејќи на вториот тренинг Хамилтон беше побрз од Себастијан Фетел за половина секунда.

Кога станува збор за вториот возач на Мерцедес, Валтер Ботас, кој го замени актуелниот шрвак Нико Розберг, тренинзите покжаа дека ќе му биде потребно уште малку време за да се привикне на новиот болид.

Двете тренинг сесии меѓу првите шест ги завршуваа возачите на трите најмоќни екипи: Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Мерцедес е за чекор пред Ферари, додека италијанскиот тим е за малку подобар од Ред Бул, иако младиот Марк Ферстапен (Ред Бул), на вториот тренинг возеше само осум кругови и не ги користеше ултра-меките пневматици.

Од останатите случувања на патеката, за издвојување е тихничкиот дефект на Фелипе Маса, излетувањето на младиот Џулијан Палмер кој го оштети своето Рено и дебитанскиот настап на Канаѓанецот Ленс Строл за тимот на Вилијамс.

Третиот слободен тренинг ќе се вози в сабота во 4 часот по средноевропско време, а квалификациите се на програмата истиот ден од 7 часот.

Трката за Големата награда на Австралија на патеката во Мелбурн ќе се вози в недела со почеток во 7 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП