24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Повеќе нема да има напуштања на ЕУ

Меркел: Повеќе нема да има напуштања на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел за германските медиуми изјавила дека не стравува оти по Brexit ќе има уште земји кои ќе се одлучат да ја напуштат Европската унија (ЕУ).

„Не, државите членки секако имаат различни идеи за тоа како да се одреди иднината, но севкупно, патот напред e јасен: потребно е да има повеќе соработка“, одговорила Меркел на прашањето дали стравува дека уште земји членки ќе ја напуштат Унијата.

Како полиња на соработка Меркел ги истакнала одбраната, надзорот на надворешните граници на ЕУ, економската политика и борбата против исламскиот екстремизам.

Челниците на ЕУ се подготвуваат во сабота да прослават 60 години од формирањето на Унијaта, само неколку дена пред активирањето на членот 50 од страна на британската премиерка Тереза Меј и покренувањето на излегувањето на Обединетото Кралство од Унијата.

Меркел изјавила дека најавениот почеток на процесот на излегувањето на Велика Британија идната среда нема да го засени самитот по повод 60 години од Римскиот договор со кој беше создадена Европската економска заедница.

„Работата во следните години ќе оди во две насоки, од една страна се преговорите за излегувањето на Британија, а од друга страна се размислувањата како 27-члената ЕУ да се подготви за иднината“, додала Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП