18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Паулињо против Уругвај, Меси го совлада Чиле (видео)

Хет-трик на Паулињо против Уругвај, Меси го совлада Чиле (видео)

Бразил победи во Уругвај (4:1), а Аргетина го совлада Чиле (1:0) во дерби натпреварите кои се одиграа во рамките на 13.коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Уругвај добро започна против Бразил, во деветтата минута Кавани реалзиираше пенал за 1:0 и тука застана. Остатокот од натпреварот им припадна на „кариоките“ кои предводени од Паулињо го декласираа домаќинот.

Паулињо постигна хет-трик (18. 51. и 92.минута), а еден гол и тоа брилијантен постигна и Нејмар во 74.минута.

Бразил е лидер на табелата и веќе може да размислува за настапот на Мундијалот наредната година.

Аргентина славеше во дуелот со Чиле 1:0 и барем малку успеа да му се одмазди на противникот за болните порази во двете последни финалиња на Копа Америка. Стрелец на единствениот гол во Буенос Аирес беше Лео Меси во 16.минута од пенал.

Колумбија одигра лош меч против аутсајдерот Боливија, но успеа да победи со голот на Џејмс Родригес во 83.минута. Играчот на Реал не реализира пенал, но по одбраната на голманот топката повторно се одби до него и тој од вториот обид успеа да ја погоди мрежата.

На преостанатите две средби Венецуела и Перу одиграа 2:2, а Парагвај го совлада Еквадор со 2:1.

По 13 натпревари Бразил е лидер на табелата со 30 бодови, Уругвај има 23, а Аргентина 22, следуваат Колумбија со 21, Еквадор и Чиле со по 20, Парагвај со 18, Перу 15, односно Боливија со 7 и Венецуела со 6 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП