19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Accenture во последниот квартал

Пад на профитот на Accenture во последниот квартал

Давателот на консултантски и „outsourcing“ услуги „Accenture“ забележа помалку профит за кварталот од очекуваното, што се должи главно на нејзините повисоки трошоци, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата ја намалија својата вредност со 2,7% до 123,11 долари пред крајот на трговијата.

Оперативните трошоци на „Accenture“ се зголемија за 4,3% до 7,62 милијарди долари во вториот квартал, кој заврши на 28-ми февруари.

Компанијата инвестира значително во најбрзорастечките компании за дигитални и облачни услуги, во позадина на силната конкуренција од „Cognizant Technology Solutions“ и „IBM“.

Прогнозата на „Accenture“ за приходите за тековното тримесечје е за сума во опсег од 8,65 – 8,90 милијарди долари. Просечната прогноза на аналитичарите е за 8,80 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Во последниот квартал нето добивка падна до 388,8 милијарди долари, или 1,33 долари по акција, од 1,33 милијарди долари, или 2,08 долари по акција, една година порано. Добивката за истиот пресметковен период во минатата година била охрабрена од продажбата на неколку бизниси вкупно за 553,6 милиони долари.

Нето приходите на „Accenture“ пораснале за 4,7% до 8,32 милијарди долари, потпомогнати од силна побарувачката на нејзините дигитални, облачни услуги и оние поврзани со безбедноста, а трите донесоа повеќе од 40% од приходите.

Просечната прогноза на аналитичарите за профитот во второто фискално тримесечје беше за 1,30 долари по акција и приходи од 8,34 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП