19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонската фудбалска репрезентација пристигна во Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација, денеска пристигна во Вадуц ќе игра против Лихтенштајн во натпрвар од квалификациите за СП во Русија 2018 година.

Македонија против Лихтенштајн ја бара првата победа во овој квалификациски циклус, откако на претходните четири дуели „црвено-жолтите“, не освоија ниту бод, а заслужија многу повеќе. Инаку Македонија против Лихтенштајн ја има забележано најголемата победа во историјата на националниот тим, пред нешто повеќе од две децении Македонија славеше 11:1.

„Мислам дека одработивме добри подготовки и дека максимално подготвени ќе влеземе на овој дуел, се со цел да дојдеме до победата. Јас и на пресот кога се собравме кажав дека во фудбалот нема лесни противници, дека доколку сакаме да победиме мораме ние да бидеме на максимално ниво, на нивото што бевме и на минатите натпревари, но со една разлика, овој да ни донесе позитивен резултат. Доколку играчите го почитуваат се она што сме се договориле мислам дека шансите за да дојдеме до првата победа се големи “, изјавил селекторот Игор Ангеловски.

„Не очекува уште еден натпревар од овие квалификации, мислам дека одигравме четири доста добри натпревари но не освоивме ниту еден бод, исто како и Лихтенштајн. Мислам дека ова е голема шанса за нас да направиме пресвртница во овие квалификации, сигурно не да се бориме за ова последно место. Мислам дека ако го добиеме утрешниот натпревар може да се надеваме на пласман и на четвртото место. Знаеме дека на овој натпревар нема фаворити бидејќ и двете репрезентации немаме бодови во овие квалификации. Мислам дека сме поквалитетни, но само ако го дадеме максимумот, да одиграме како што се договоривме, сите да ги испочитуваме желбите на селекторот. Мислам дека ако одиграме како што знаеме ние, како што одигравме на последните натпревари, нема да имаме проблеми“, изјавил капитенот Горан Пандев.

Натпреварот Лихтенштајн-Македонија се игра в петок во Вадуц, со почеток од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП