24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја загадениот воздух ја чини околу 8,91 млрд долари

Јужна Кореја загадениот воздух ја чини околу 8,91 млрд долари

Опасно загадениот воздух во Јужна Кореа ја чини земјата најмалку десет трилиони вони или околу 8,91 милијарди американски долари, пишува The Korea Herald.

Изнесени се и други вознемирувачки податоци – ако тенденцијата продолжи, меѓу шест и девет милиони лица може да умрат заради загадениот воздух до 2060 година.

Веќе неколку месеци во Јужна Кореја има проблем со честичките прав во воздухот. Тоа обично се случува во периодот меѓу март и мај, кога жолтиот прав од пустините во северна Кина стига до Корејскиот полуостров.

Овие честички, загадувајќи го воздухот не само што се штетни за здравјето на луѓето, туку го ограничуваат и нивното дејство на отворено, што влијае и врз економијата на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП