24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren влегува во територијата на Panamera

McLaren влегува во територијата на Panamera

Британскиот производител „McLaren“ ќе им предложи на своите клиенти суперавтомобил со 4 врати. Тоа го призна пред „Car and Driver“ извршниот директор на компанијата Мајк Флоит, посочувајќи и конкретен рок за излегувањето на пазарот на сличен автомобил – 2021-ва година.

Според Флоит, новата конструкција – „Monocage II“, која дебитираше кај моделот „McLaren 720S“, ќе се користи и за други идни автомобили на марката. За разлика од претходната архитектура, произведена од фирмата „Carbo Tech“ во Австралија. Новиот модел ќе се прави во фабриката на „McLaren“ во Велика Британија.

Одговарајќи на прашања на новинарите, шефот на компанијата изјави дека изработката на возило со 4-седишта нема да биде особено тешка. Тој го посочи моделот „570GT“, прикажан во 2016-та година, при што багажникот со волумен 222 литри е лоциран зад кабината. Флоит смета дека ваквата конструкција ќе му овозможи на „McLaren“ да направи автомобил со поголемо внатрешен простор.

„Најдоброто во случајот е дека „Monocage II“ е далеку од универзална конструкција од сите кои сме ги користеле пред тоа. Таа овозможува производство на автомобили со различни димензии и агрегати, вклучувајќи и електрични“, објасни Флоит.

Топ-менаџерот е убеден дека појавата на електричен модел на „McLaren“ е прашање на време. Единствениот проблем со сличен модел, според Флоит, е таа да ги поседува истите „емоционални карактеристики“, какви што ги има „720S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП