28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ на УЕФА полека станува затворен систем

ЛШ на УЕФА полека станува затворен систем

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги потврди промените за пополнување на Лигата на шампионите, кои во сила ќе стапат од сезоната 2018/2019. Според новите правила УЕФА речиси ќе им ги затвори вратите за настап во елитното натпреварување на клубовите од помалку реномираните држави.

Според она што го одобри УЕФА, од најсилните европски национални првенства (Премиерлига, Бундеслига, Ла Лига, Серија А), директен пласман во Лигата на шампионите ќе изборат по четири екипи.

Во овој дел профитира Италија, која доби уште едно место од сезоната 2018/2019. Останатите три и досега имаа четири претставника, со тоа што три тима директно се пласираа во ЛШ, а по една екипа учествуваше во последното квалификациско коло за пласман во главната фаза.

Директен пласман во ЛШ ќе изборат и по две екипи од Франција, Русија, како и шампионите на Португалија, Турција, Белгија и Украина, додека вицешампионите на наведените држави ќе играат во квалификациите, заедно со третопласираните тимови од Франција и Русија.

Ова значи дека во самиот старт се пополнети 24 од 32 места во главната фаза во Лигата на шампионите, односно Лигата на шампионите полека станува затворено натпреварување, каде тимовите од „малите“ држави ќе можат да изборат место во елитата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП