25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски: Во Баерн ги имам условите кои би ги имал и во...

Левандовски: Во Баерн ги имам условите кои би ги имал и во Реал

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, во разговор со новинарите на Bild, открил зошто ја одбил понудата на Реал и останал во Минхен.

„Едноставно во Баерн ги имам условите кои би ги имал и во Реал. Ги имам сите можности за да ги остварам моите амбиции во кариерата, амбиции кои би можел да ги остварам и во Реал. На пример, оваа сезона можеме да ја освоиме тројната круна. Голем мотив ми е да ја освојам Лигата на шампиони со Баерн. Претходните години немавме среќа во завршницата, бидејќи не бевме во најдобра форма кога беше најпотребно“, рекол Левандовски.

Приказната за Левандовски добива на атрактивност бидејќи Баерн и Реал ќе играат во четвртфиналето, во Лигата на шампиони.

„Голема предност е што по подолго време сите сме здрави и конкурираме за место во тимот, немаме проблеми со повредите. Велат дека Реал е фаворит? Погледнете ги составите кои ќе излезат на првиот меч, на „Алијанц арена“ и ќе забележите дека во нашиот тим има исто толку ѕвезди колку што има и во тимот на Реал. Тоа го прави овој дуел интересен. Во Баерн ен го заборавиле оној пораз во Мадрид од 4:0. Знаеме за што сме способни и ќе направиме се за да го наметнеме нашиот стил на игра“, завршил Левандовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП