19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимателно со апчињата за спиење и смирување

Внимателно со апчињата за спиење и смирување

Без оглед на нивното ефикасно делување во елиминирањето на стравовите и потонувањето во сон, таблетите за спиење и смирување двојно повеќе го зголемуваат ризикот од појава на деменција во постарите години.

Пилулите за спиење и смирување можат да бидат и предизвикувачи на појавата на паника, проблеми со помнењето, па дури и прерана смрт, тврдат експертите од Универзитетот Харвард и Бордо, по објавата на истражувањата.

Внесените бензодиазепини го менуваат начинот на кој нервите ги пренесуваат пораките во мозокот и делуваат смирувачки. Тие, всушност влијаат на работата на неуротрансмитерите кои се задолжени за расположението, доведувајќи притоа и до појава на деменција.

Од британското здружение за заболените од Алцхајмерова болест истакнуваат дека и претходните истражувања покажувале дека лековите за несоница и анксиозност можат да доведат до деменција, но секако потребни се уште испитувања за да се заклучи зошто точно се случува нешто такво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП