25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen го покажа електричниот Berlingo Multispace (фото+видео)

Citroen го покажа електричниот Berlingo Multispace (фото+видео)

Компанијата „Citroen“ претстави целосно електрична верзија на својот „Berlingo Multispace“. Моделот под името „E-Berlingo“ ќе може да поминува околу 170 километри со едно полнење на батериите.

Новиот „E-Berlingo Multispace“ е управуван од електромотор со 66 КС и 200 Нм вртежен момент. Двете литиум-јонски батерии кои се наоѓаат од двете страни на задната оска, имаат моќност од 22,5 mAh. Нивното полнење до половина преку посебна станица за полнење трае само 15 минути, а нивната состојба може да се проследи преку мобилна апликација. Ако сепак батериите се полнат во стандарден режим, времето се зголемува на 8 часа.

Според компанијата километража од 170 километри е доволна за еден ден. За споредба, според податоците на производителот, Европејците изминуваат околу 60 километри на ден.

Од компанијата вклучиле и дополнителен спектар на системи за далечинско управување на некои функции. Таквите пример се претходно затоплување или ладење на патничкиот простор пред пристап во возилото. Од друга страна, навигацискиот систем обезбедува информации за ограничувањето на брзината во различни области, информации за сообраќајот, како и точките за полнење, достапни во досегот на возилото.

Новиот „E-Berlingo“ се очекува да се појави прво во Велика Британија во третиот квартал на 2017-та година, а потоа и во континентална Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП