29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Германија би можела да дава повеќе пари во ЕУ“

„Германија би можела да дава повеќе пари во ЕУ“

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел изјави дека Германија би можела да дава повеќе пари за ЕУ.

Тој наведе дека инвестирањето во Европа е „инвестирање во сопствената иднина“.

Германија дава најголем придонес во буџетот на ЕУ.

„Секое евро кое Германија го става во буџетот на ЕУ и се враќа неколку пати, директно или индиректно“, изјави Габриел.

Тој додаде и дека некој од партнерите во ЕУ како Шведска и Холандија, плаќаат повеќе отколку што се обврзани.

Габриел ја изнесе идејата дека Германија треба да дава повеќе, а не да се бори за намалување на своите обврски, иако не појасни за колку пари станува збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП