20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите и оружјето: Самоуверено го држиме второто место

Русите и оружјето: Самоуверено го држиме второто место

Русија во 2016 година извезла оружје вредно повеќе од 15 милијарди долари и цврсто го држи второто место по извозот на војна опрема, вели претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Врз основа на минатогодишниот резултат, Русија самоуверено го задржа второто месото во светот според обемот на извоз на војна опрема, кое минатата година надмина 15 милијарди долари“, изјави Путин на седницата на руската Комисија за војна и техничка соработка со странските партнери, пренесува руската агенција Тас.

Вредноста на извозот на руското оружје во 2015 година изнесува 14,5 милијарди долари, додаде Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП