24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорозан и Симиќ добиле понуди од други репрезентации, нема повеќе да играат...

Борозан и Симиќ добиле понуди од други репрезентации, нема повеќе да играат за Црна Гора

Најдобрите црногорски ракометари, Вуко Борозан и Небојша Симиќ го известиле Ракометниот сојуз на Црна Гора дека повеќе нема да настапуваат за репрезентацијата. Борозан и Симиќ се решиле на ваков чекор бидејќи добиле понуди од други национални тимови, во иднина да настапуваат воза нив.

„Играчите Вуко Борозан (РК Вардар) и Небојша Симиќ (ИФК Кристијанштад) го известија селекторот, директорот на репрезентацијата и претседателот на Ракометниот сојуз дека повеќе нема да настапуваат за ракометната репрезентација на Црна Гора, бидејќи имале понуди од други национални тимови. Бидејќи ова е нивна лична одлука Ракометниот сојуз им посакува многу здравје и успех во кариерите. Боите на Црна Гора ќе ги бранат оние на који Црна Гора им е во срцето, а Ракометниот сојуз ќе продолжи со своите проекти“, стои во соопштението на црногорскиот сојуз.

Борозан има 22 години, а голманот Симиќ 24 и требаше да бидат носители на играта на репрезентацијата. Кога на нив двајца ќе им се придодаде и 18-годишниот Бранко Вујовиќ кој пред неколку месеци реши да игра за Полска и Владан Липовина кој пред шест месеци поради несогласувања со селекторот се откажа од настапите во репрезентацијата, станува јасно дека ракометната репрезентација на Црна Гора се соочува со сериозни проблеми.

Порталот index.hr пренесува дека најголем интерес за ангажирање на Борозан и Симиќ покажале Словенија, Катар и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП