Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Tip of the week: Хаос на маса

Време: 11:03

Датум: март 23, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Велат дека каква ти е работната масата таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде во прилог, но пробувам да се променам. Фала Богу, тука е познатата изрека:

„Ако преполна работна маса е знак за преполн мозок, тогаш празна маса за што е знак?”

Алберт Ајнштајн

 

Но, тоа не ни дава за право дека работната маса треба да ни е во хаос и секогаш пренатрупана со разно-разни работи. Сум видел маси кои се толку хаотични што дури и листовите имаат прашина. Тоа, пак, е голема срамота. Сигурен сум дека половина од работите на нив едноставно не се потребни и одамна треба да се или во канта за отпадоци или да се на друго место, да не кажам, на свое место.

Но, на почетокот реков дека и јас сум понекогаш од тие на кои работната маса може да им биде хаотична, па еве ви неколку мои лично совети како се справувам со тоа:

  • Делегирање – гледам работите што треба да ми ги остават на бирото или треба да завршам, веднаш да ги делегирам. Не дека е работата „прејди грижа на другиот“ туку ако тоа не е моја обврска или јас да го завршам, тогаш зашто да седи кај мене и да чека?
  • Систем – правам систем, која работа каде да биде на масата. Така можам многу лесно да ги најдам работите. Тука може многу добро да ви дојдат и пластични кластери во кои може да ги ставате работите.
  • Простор – вашата маса е вашиот работен простор. Во него се вклучени и фиоките. Понекогаш и тие може да ми се во хаос, но многу ретко. Фиоките ми се помошно место за да ми биде чиста масата. Затоа внимавам и на нив и тие ми се во ред.
  • Секојдневни работи – работите што ги користам секојдневно, како што се пенкала, моливи, фломастери и слично, ми се наоѓаат на едно место, но лесно достапни. На крајот на денот, доколку некои од нив сум оставил на масата, ги враќам назад кај другите.
  • Дополнителни работи – на маса имам и неколку цвеќиња. Да, тие ми го намалуваат просторот, но тоа го гледам како позитивна работа. Ем ми е поубава работната маса, ем ми влијаат на тоа дека немам многу простор, па сакал или не, мора да се придржувам до сите горенаведени работи.
  • Дневно чистење – пред да си одите, направете ревизија на работите кои ви се на маса. Сите хартии, пенкала, фломастери, моливи и други работи, подредете ги, ставете ги на своето место. Ако не, најмалку што можете да направите е да ги соберете на едно место, барем привидно да изгледа дека масата ви е спастрена. Со тоа се лажете себе си, но подобро е така отколку да е хаос.
  • Неделно расчистување – на крајот на неделата задолжително правам ревизија на она што ми е на маса. Понекогаш знам да најдам работи кои не треба да се на маса туку треба да се во некоја фиока или треба да се кај некој друг.

И да знаете, треба многу време. Треба да истрпите и доста критики. Но немојте да се откажувате, само направете систем како да ви биде во некој ред масата на која работите.

 

Со успех во промените

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    Веќе на двапати, во разговор со двајца различни луѓе, ми кажуваа за инженер, французин, кој што живее повремено во село Јанче. Во ова убаво горнореканско…

  • Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација? Доколку одговорите:Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со…

  • КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    Според насловот можеби можете да претпоставите дека оваа колумна е на тема Општата или јавна чистота. Секоја година имам чувство дека градот ни е повалкан…

  • Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална…

  • КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    Јас ја имав среќата (или несреќата) да бидам еден од оние кои бевме последна септемвриска класа во Југословенската Народна Армија (ЈНА). Среќа затоа што имам…

  • КОЛУМНА: Кредитен мораториум – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Кредитен мораториум – М-р Раде Чоловиќ

    Мала школа по банкарство. Банка е финансиска институција чија главна дејност е прибирањето депозити од граѓаните и давањето кредити, како и извршувањето на платниот промет во земјата и странство. Значи,…

  • Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Станавме општество во кое очекувањата се високи, но ајде што се високи, туку сакаме работите да ни се случуваат многу брзо. Тоа е најмногу видливо…

  • КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    Јас, како и многу родители (ако не и сите), ги насочував децата од мали кон тоа да тренираат спорт, да учат некој странски јазик,  да…

  • КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    Македонија главната трговија ја врши по копнен пат, со камионски превоз. Железничкиот транспорт на роба е многу мал. Главно пристаниште за увоз и извоз на…

  • Tip of the week: Површни луѓе

    Tip of the week: Површни луѓе

    Јас не знам човек што сака да збори или дружи со површни луѓе? Но знам многу кои би поминале повеќе време со луѓе со вредности,…