19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот на пилотите од „Адрија ервејс” продолжува

Штрајкот на пилотите од „Адрија ервејс” продолжува

Штрајкот на пилотите од словенечката авиокомпанија “Адрија ервејс” продолжува, пишува во четвртокот The Slovenia Times.

Причината за спорот се намалените плати и ограничените работнички права, кои се актуелизираа по истекот на претходниот колективен договор.

За време на штрајкот, пилотите не летаат меѓу 6 и 22 часот што предизвика промени во распоредот на летовите, а некои се откажани.

Откажани се летовите кон Париз, Цирих, Тирана и Приштина. Ако не биде постигнат задоволувачки договор, дводневниот штрајк може да бидат продолжен и на 27 и 28 април, како и 25 и 26 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП