24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот поразен од Денвер (видео)

Шампионот поразен од Денвер (видео)

Денвер го победи актуелниот НБА шампион Кливленд 126:113 и ја одржа разликата од две победи во однос на Портланд, во борбата за осмото место во Западната конференција.

Екипата од Колорадо со тимска игра успеа да го надигра Кливленд и да му го нанесе 24-от пораз во сезоната на бранителот на титулата. Седуммина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, а предводник во победата беше српскиот центар Никола Јокиќ со 16 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Најефикасни во редовите на Денвер беа Гери Херис со 21 и Вил Бартон со 20 поени.

Кливленд го предводеше Кајри Ирвинг со 33 поени, но поддршка доби од само двајца играчи Леброн Џејмс (18 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Дерон Вилијамс (19 поени).

Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Расел Вестбрук кој против Филадлефија стана првиот играч во НБА историјата кој забележал трипл-дабл, а притоа да не промаши ниту еден шут.

Резултати: Орландо-Шарлот 102:109, Оклахома-Филаделфија 122:97, Бостон-Индијана 109:100, Чикаго-Детроит 117:95, Вашингтон-Атланта 104:100, Сакраменто-Милвоки 98:116, Јута-Њујорк 108:101.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП