23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат платите во Германија, трета година по ред

Растат платите во Германија, трета година по ред

Платите на работниците во Германија во 2016 година пораснаа трета година по ред, така што растот на реалната заработка изнесувал 1,8 проценти, соопшти агенцијата за статистика Дестатис.

Тоа е сепак, побавен раст во однос на рекордното зголемување од 2,4 проценти од 2015 година и раст од 1,9 проценти година дена претходно, пренесува агенцијата Франс прес.

Забрзувањето на инфлацијата кон крајот на минатата година направи растот на реалните заработки да забави во четвртиот квартал на дури 1,1 проценти.

„Како и во претходната година, вработените со подпросечна месечна заработка добиле номинално зголемување кое е над просекот“, се наведуа во коментарот на Дестатис.

Растот на платите во најголемата европска економија, како што проценува АФП, би требало да биде добра вест за Европската централна банка (ЕЦБ), бидејќи исплатата на поголеми заработки ја зголемува личната потрошувачка, ја зајакнува економијата на еврозоната и ја зголемува инфлацијата кон целта на ЕЦБ од нешто под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП