19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук до трипл-дабл без промашен шут

Вестбрук до трипл-дабл без промашен шут

Расел Вестбук еден од најдобрите играчи на денешницата, продолжи да руши рекорди во НБА лигата. Вестбрук против Филаделфија го забележа 35-от трипл-дабл во сезоната, кој ќе добие посебно место во НБА историјата.

Оклахома ја совлада Филаделфија 122:97, Вестбрук забележа трипл-дабл, нешто што е вообичаено за него оваа сезона, но овој негов учинок влезе во НБА историјата.

Имено, Вестбрук, дојде до двоцифрен учинок во три статистички категории без промашување, ги погоди шестте удари за два поени и ги реализира сите шест слободни фрлања.

Мечот со Филаделфија тој го заврши со 18 поени, 11 скокови и 14 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП