25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ: Една четвртина од децата во светот до 2040 година ќе немаат...

УНИЦЕФ: Една четвртина од децата во светот до 2040 година ќе немаат вода

Една четвртина од децата во светот до 2040 година ќе живеат на подрачје каде што има многу малку вода, предупреди во среда Фондот на Обединетите нации за деца(УНИЦЕФ).

Во извештајот, објавен по повод Светскиот ден на водата, УНИЦЕФ наведе дека за околу 20 години околу 600 милиони деца ќе живеат во зона со ограничен пристап до питка вода заради порастот на населението и потребата за вода заради глобалното загревање.

Повеќе од 36 држави во моментот се соочуваат со проблеми околу снабдувањето со вода, се вели во извештајот и се додава дека дневно умираат околу 800 деца под пет години од дијареја заради лошите санитарни услови и ограничениот пристап до чиста вода.

УНИЦЕФ уште додаде дека 1,4 милиони деца се соочени со глад заради конфликтите и сушите на подрачјата на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.

Во извештајот се додава дека само во Етиопија оваа година девет милиони луѓе ќе останат без соодветен пристап до вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП