28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermes забележа рекордна добивка во 2016-та

Hermes забележа рекордна добивка во 2016-та

Францускиот луксузен бренд „Hermes“ забележа рекордна добивка во 2016-та година, поддржана од највисоката продажба на нејзините модели чанти.

Компанијата, добро позната по чантите „Birkin“ за 8.000 фунти (9.200 евра) едната и своите свилени марами за 300 фунти (346 евра), објави 13% раст на профитот во минатата година до 1,1 милијарди евра (952 милиони фунти).

„„Hermes“ се претстави подобро од очекуваното во минатата година и ја започна 2017-та година со солидна основа“, коментира извршниот директор на компанијата Аксел Домас.

Сепак тој додаде дека останува претпазлив во предвид несигурната средина.

Резултатите се доказ за продолжување на обновување на пазарот на луксузни стоки. Минатиот месец францускиот конкурент „LVMH“ забележа рекордни продажби.

„Hermes“ објави дека продажбата на производи од кожа и стоки, претставувајќи половина од вкупната продажба, се зголемуваат за 14%. Причина за најдобрите резултати е силната побарувачка на чантите „Constance“, „Halzan“, „Lindy“, „Birkin“ и „Kelly“.

Стоките од свила и текстил, кои претходно во текот на годината забележаа послаба продажба погодени од терористичките напади во Европа и слабата побарувачка во Кина, забележаа подобрување кон крајот на 2016-та година. Сепак тие ја завршија годината со пад на продажбата од 1% на годишна основа.

Продажбата на парфеми се зголеми за 9%, потпомогнат од претставувањето на новите вкусови на брендот. Во исто време продажбата на часовници се намали за 3% повеќе од минатата година, што компанијата го објаснува со предизвиците на пазарот.

„Hermes“ објасни дека ќе продолжи да ја следи својата стратегија за долгорочен развој.

Акциите на компанијата поевтинија со 2,45% до 426 евра, но поскапеле со повеќе од една третина во последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП