20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИскусете го луксузот во North Shore на Хаваи (фото)

Искусете го луксузот во North Shore на Хаваи (фото)

Во идиличниот Паиаи, на прекрасните Хаваи, оваа резиденција е една од најпрестижните на ова подрачје…

Ентериерот е елегантен и потсетува на луксузен хотел, со своите богати детали, префинет декор и многу дрвен мебел. „North Shore“ резиденцијата се наоѓа на плажа, а ви нуди можност за лусузен живот и стил, без компромиси. Местото е ново и е исполнето со страста на луксузниот животен стил, давајќи им на своите станари можност да уживаат во океанот од удобноста на задниот двор.

Градбата има интересен екстериер од травертина и травертина ланаи подови, бакарни прозорци, бакарна врата на гаражата и бакарен покрив. Горното ниво од вилата е фантастичено, тоа е изградено со 16 прекрасни бетонски столбови.

Како повеќе влегувате во овој дом, чувството кое потсетува на океан и летување, се јавува. Погледот од ентериерот асполутно ќе ви го одземе здивот, а достапен е практично од секоја просторија. Што се однесува на дневната соба над главниот спрат, има високи плафони, модерна гурманска кујна, ексклузивна бања и импресивен под од бамбус.

Оваа резиденција моментално е на продажба по цена од 9,5 милиони долари, доколку немате толку пари и сакате само да поминете 10-дневен одмор во неа, тогаш ќе ви бидат потребни 3.400 американски долари за една ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП