20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини животот на еден Авганистанец?

Колку чини животот на еден Авганистанец?

Во март 2014 година, американската армија му плати на Авганистанец 1.000 долари, затоа што го убила неговиот син (цивил). Тоа се случило за време на воена операција, во близина на границата со Иран.

Шест месеци подоцна, друг авганистански татко добил 10.000 долари за убиеното детето, кое настрадало во друга американска операција.

За време на американските операции спроведени во областа Кундуз изведени минатиот ноември, 68-годишниот Хаџи Алах Дад, изгубил дваесет свои роднини, вклучувајќи брат и снаа. Но, тој не добил ништо од САД, кои им оставиле на авганистанските власти да одредат и да му платат надомест.

Речиси 16 години по влегувањето во Авганистан, Вашингтон се уште нема стандардизиран процес за исплата на надомест за убиства и ранување на илјадници цивили во земјата, покажуваат податоците на владата објавени од агенцијата Ројтерс, која ги добила по службен пат, врз основа на законот за пристап до информации.

Во обид да им се спротивстават на Талибанците, САД во 2005 година почнаа да им плаќаат на семејствата на убиените Авганистанци, бидејќи тоа истото го правеле непријателите.

Но, пристапот им е произволен, а активисти тврдат дека системот е неправеден и збунувачки за сиромашните и необразовани локални жители.

Меѓународното и националното право не го обврзува Вашингтон да плаќа надомест, но земјата тоа прави од педесеттите години на минатиот век, веднаш по избувнувањето на Корејската војна.

Роднини на загинати ирачки цивили исто така добивале пари. Портпаролот на Пентагон изјави дека командантите на терен ги одредувале обесштетувањата, бидејќи тие можеле да ја направат најдобрата оценка за инцидентите.

Таа се базира на “културните норми на регионот, совети од авганистанските партнери и околностите околу конкретниот настан”, прецизира тој.

Во периодот од 2013 и 2016 година, вкупно 1,2 милиони долари им биле исплатени на авганистански семејства за смртта на најмалку 101 лице и ранување на 270 други Авганистанци, покажуваат документите со кои располага “Ројтерс”.

Речиси сите биле цивили, а пет од исплатите биле кон членови на владата.

Димензиите на надоместоците се разликуваат дури и при случаи кои си слични по обемот и по карактерот.

Портпаролот на авганистанските власти тврди дека на име бенефиции за смрт исплаќала по 1.500 долари. Со толкава сума се офајдиле 100.000 Авганистанци од Кундуз. За ранување по 750 долари добиле 50.000 луѓе.

Еден од најпознатите случаи во кои САД платиле надомест, беше по воздушниот удар врз уништената болницата на “Лекари без граници” сместена во Кундуз, при што загинаа 42 лица, а беа повредени 37 цивили.

Во 2015 година Инцидентот предизвика реакции во целиот свет и го привлече личното внимание на тогашниот претседателот Барак Обама.

За овој инцидент САД платија по 3.000 долари на повредените и 6.000 за убиените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП