29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе го намали извозот на оружје во Турција

Германија ќе го намали извозот на оружје во Турција

Федералната влада на Германија се почесто отстапува од зделки за продажба на оружје за Турција, пренесува Deutsche Welle.

Од ноември 2016 година властите во Берлин не издале дозволи за реализација на вкупно 11 трансакции со Анкара за снабдување на оружје и на муниција.

Иако Турција е партнер на НАТО, Владата на Германија се повеќе му посветува внимание на продажбата на оружје за Анкара, со оглед на политичката ситуација во земјата, која неколку месеци по неуспешниот обид за државен удар од јули 2016 година, се уште е напната, се истакнува во одговорот на Министерството за економија во Берлин на прашањето упатено од страна на пратеникот од “Левицата”, Јан ван Акен.

“Правата на човекот секогаш имаат особено значење при одлуките за извоз на оружје”, се вели во официјалниот текст на Министерството за економија во Берлин.

По јулскиот пуч, Владата на СРГ одобрува реализирање на трансакции со Турција само “по проверка во однос на надворешната политика и политиката за безбедност”.

Обично Владата на Германија не ги спречува продажбата на оружје за земјите од Алијансата. Случајот со Турција сепак е различен, “поради ризикот дека (продаденото оружје) ќе се користи во контекст на внатрешните репресии или курдскиот конфликт”, се вели уште во текстот.

Во периодот меѓу 2010-2015 година Берлин одби осум договори за оружје со Анкара, потсетуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП