25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканските банкари ги пакуваат куферите: Збогум Британци

Американските банкари ги пакуваат куферите: Збогум Британци

Американската банка „Goldman Sachs“ соопшти дека во наредната година ќе префрли стотици работни места од Лондон.

Банката не изнесе детали во која европска држава ќе се пресели после Брегзит.

„Goldman Sachs“ ќе ангажира луѓе во внатрешноста на сама Европа и ќе дојде до некои префрлувања од Лондон“, изјави генералниот директор на банката Ричард Гнод.

Сепак, тој изјави дека Лондон ќе остане важен регионален центар и значајно глобално седиште и после Брегзит.

„Goldman Sachs“ вработува 6.000 лица во Британија, која на 29-ти март ќе ја покрене процедурата за излез од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП