23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Британци вие слободно одете, но долговите остануваат

Шојбле: Британци вие слободно одете, но долговите остануваат

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека долговите на Велика Британија нема да бидат отпишани со нејзиното излегување од ЕУ, како и дека ќе продолжат да важат и после тој процес.

„Долговите остануваат, вие слободно одете“, потенцираше Шојбле кој сакаше јасно да каже дека Британија и по заминувањето од Европската Унија е должна да си ги отплати долговите, како и да ги финансира проектите во чие креирање учествувала како членка на ЕУ.

Шојбле по состанокот со министрите за финансии на ЕУ во Брисел се осврна и на Турција и оцени дека однесувањето на нејзините политичари кои организираат кампања по повод референдумот за уставните промени е „незамисливо.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП