19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги предупреди членките за последиците од одбивањето на мигрантите

ЕУ ги предупреди членките за последиците од одбивањето на мигрантите

Еврокомесарот за миграциски прашања Димитрис Аврамопулос ги предупредил земјите членки на последиците од одбивањето на одлуката за прифаќањето на мигранти, која треба да го намали притисокот над Грција и Италија кои го превземаат најтешкиот товар од приливот на мигрантите преку Средоземието, пренесуваат светските агенции.

Иако Европската комисија како извршно тело на Унијата може да ги тужи земјите кои не ги исполнуваат своите обврски, засега избегнува да го направи тоа околу прашањето на миграцијата, нагласувајќи дека треба да се работи на ова чувствително политичко прашање.

„Важно е владите да сфатат дека треба да бидат дел од тоа. Доколку некои од нив не сакаат да го прифатат тоа, Комисијата има моќ и оружје да ги убеди тие земји“, рекол Аврамопулос во вторникот во Варшава каде остварил средба со шефот на европската гранична агенција Фронтекс.

Од Грција и Италија во остантите земји членки, во период од две години се префрлени само 14.500 од вкупно 160 илјади мигранти од Блискиот Исток и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП