25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft и Adobe започнуваат партнерство

Microsoft и Adobe започнуваат партнерство

„Microsoft“ и „Adobe Systems“ ги здружуваат силите за да направат софтверските производи за маркетинг и продажба кои ќе бидат поконкурентни на предлозите на „Salesforce.com“ и „Oracle Corp.“, објавија двете компании, цитирани од агенциите.

За време на годишната конференција на „Adobe“, компанијата изјави дека ќе работи со „Microsoft“ за создавање на можност за споделување на податоци помеѓу маркетинг софтверскиот пакет на „Adobe“, кој таа го преименува во „Experience Cloud“, и софтверот за продажба на „Microsoft“ наречен „Dynamics“. Сето ова ќе им помогне на софтверските системи заедно да функционираат беспрекорно.

„Тоа ќе им овозможи на клиентите да отидат подалеку од сегашните софтверски системи“, коментира Скот Гутри, извршен потпретседател на единицата за облачни и корпоративни услуги во „Microsoft“.

За „Adobe“, која е позната меѓу корисниците главно со своите софтверски предлози „Photoshop“ и „Acrobat PDF“, ова партнерство се заснова на договор кој таа го склучи со „Microsoft“ уште минатата есен за користење на облачниот систем „Azure“.

„Adobe“ насочува повеќе напори во софтверот за маркетинг решенија понудени од компании на компании, откако го стекна „Omniture Inc“, компанија која им помага на сопственици на интернет страни да го следат сообраќајот кон него. Договорот беше склучен во 2009-та година и е во вредност од 1,8 милијарди долари. Софтверот кој компаниите го користат за да управуваат со дигиталните маркетинг и рекламни кампањи, претставува 1,2 милијарди долари од вкупните приходи на „Adobe“ за минатата година, кои достигнаа 4,6 милијарди долари.

Од своја страна, „Microsoft“ се обидува да го прошири „Dynamics“, нејзиниот софтверски систем, насочена кон професионалци во областа на продажбата. Партнерството со „Adobe“ ќе и помогне да се натпреварува подобро со „Salesforce“ и „Oracle“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП