24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTргувањето на Македонската берза се одвиваше динамично

Tргувањето на Македонската берза се одвиваше динамично

Со промет од 23,9 милиони денари и реализирани 87 трансакции тргувањето на Македонската берза се одвиваше динамично. Во класичното тргување промет над милиони денари остварија акциите на Комерцијална банка (7,4 милиони денари), Гранит (5,6 милиони), Алкалоид (3,9 милиони), НЛБ Банка (1,3 милиони) и Макпетрол (1,1 милиони).

На прво место по раст на цената се најде акцијата на Арчелормитал Скопје (ХРМ) со 53,85 отсто пораст и истргувани 105 лотови по цена од 20 денари за акција, а на спротивната страна се најде акцијата на РЖ Услуги со пад на вредноста на акцијата од 1,49% со истргувани 385 лотови по просечна цена од 97,52 денари.

Преку блок трансакција со акцијата на Нова стоковна куќа АД Струмица (НОСК) со истргувани 32 лотови по цена од 92.250 денари за една акција.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,18%, и изнесуваше 2.281,14 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП