19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHybrid Kinetic H600 - уште еден "убиец" на Tesla (фото+видео)

Hybrid Kinetic H600 – уште еден “убиец” на Tesla (фото+видео)

Италијанското студио за дизајн „Pininfarina“ претстави автомобил кој е специјално дизајниран за компанијата од Хонг Конг – „Hybrid Kinetic Group“, хибридниот седан „H600“. Сега стана јасно дека тоа не е само концептен примерок, туку иден сериски модел, а при тоа сериозен конкурент на „Tesla Model S“.

Компанијата „Hybrid Kinetic Group“ е формирана во 2009-та година од кинескиот милијардер Јун Бенјавин Јун, кој претходно ја направи и компанијата „Brilliance“. Плановите на бизнисменот вклучуваат развој на иновативни и еколошки автомобили, првиот од нив – претставниот седан „H600“, треба да излезе на пазарот во 2020-та година.

Самиот „Hybrid Kinetic H600“ е дефиниран како „range extender“ (хибрид со продолжен опсег) поради присуството на гасно-турбински генератор во погонскиот систем. Тоа вклучува 6 електромотори со вкупна моќност од 815 КС, кои треба да обезбедат километража со едно полнење од 1.000 км. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,9 секунди, а максималната брзина е 250 км/ч.

Алуминиумската каросерија е развиена од работилницата „Pininfarina“, па така тежината на седанот е 1.870 килограми. Должината на возилото е 5.200 мм, широчината е 2.000 мм, а висината е 1.494 мм. Ентериерот на седанот изгледа футуристички, а според креаторите на возилото околу 90% од елементите на серискиот модел ќе бидат исти како кај концептот.

Тест-производство на хибридниот седан ќе биде насочено во фабриката на „Pininfarina“ во Италија, но сериската верзија ќе се прави во Кина. Во компанијата планираат за 5 до 10 години обемот на производство да достигне 200.000 единици. Покрај „H600“ кинеската компанија ќе им претстави на своите клиенти уште 2 нови модели до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП